ЛСА МАНУ 7 ПЕНТХАУС

Галерија

Опис

Нов, луксузен пентхаус апартман, со 3 засебни спални соби, голема дневна соба, модерна комплетно опремена кујна, 2 бањи, со вкупна површина од 90 м2. Комфорен апартман за максимум 7 луѓе. Апартманот е опремен со телевизор со рамен екран со кабелска телевизија, Wi-Fi и клима уред. Во мастер спалната соба има засебна бања со туш кабина, а другата бања е опремена со стандардна када. Поседува и две тераси на кои може комотно да се ужива во утринското кафе со преубав поглед на центарот на Скопје како и на планината Водно. Станот е идеален за големи фамилии и друштва, бидејќи нуди опција сите членови да се сместени на едно место а притоа да не се изгуби комфорот и приватноста.